УСЛУГИ

Фолија во боја

Инсталација на фолија во боја е процес во кој на професионален начин се лепи фолија на вашето возило. Може да се направи целосно или само на одредени делови на возилото. Фолијата во боја е популарна опција во денешно време за промена на бојата на вашето возило и воедно и делумно заштита на фабричката боја од оштетување. Менувањето боја со фарбање е долф процес, но и неповратен начин за промена на бојата или дизајнот на возилото.

Главни предности:

 

  • Може да ја менувате бојата на вашето возило по ваша желба и потреба
  • Бојата на вашето возило е заштитена од лоши временски услови и надворешни влијанија
  • Заштитена е оргиналната (фабричката) боја на возилото
  • Заштитена е и вредноста на возилото
  • Дизајн по ваша желба, односно целосно персонализирање на вашето возило

Брендирање на возило

Таканареченото брендирање на службено возило може да ви донесе нови клиенти, но што е најважно, да се препознаете на патот. Тие се класика која никогаш не старее и не ве чини цело богатство. При изборот на формулар за рекламирање, треба да изберете дали тоа е налепница за целото возило, во тој случај на целиот автомобил се залепува печатен филм или делумна налепница на некои делови, каде што е графичка плотер (отсечена од филмот ) е поповолна и е залепена на вашата оригинална боја на службениот автомобил.

Фирмскиот автомобил е најевтината област за вашето рекламирање, бидејќи не плаќате ништо за тоа. Затоа, треба да размислите и да изберете компанија која професионално ја применува оваа налепница за да не оставите лош впечаток. Грдото пилинг рекламирање може значително да го намали впечатокот за вашите понудени услуги или производи.

 

Ако ви треба совет дали да нанесете квалитетна рекламна налепница, дојдовте на вистинското место.

Затемнување прозори

Може да изберете неколку степени на затемнување. Сепак равенката тука е следна, колку по светла фолија, толку повеќе светлина и топлина пропушта во внатрешноста на возилото. Клиентите често се двоумат при изборот на нијансата, па затоа им даваме парчиња од нашиот материјал за самите да си направат споредба и да се одлучат што е најдобро за нив. Нашите фолии го спречуваат продирањето на силна светлина, но не го ограничуваат погледот низ прозорите.

9 главни предности при затемнување на прозори:

 

  1. Намалување на температурата во внатрешноста на возилото
  2. Помало оптоварување на клима уредот, што резултира со намалена потрошувачка на горивото
  3. Ве штити до 99% од штетното УВ зрачење
  4. Значително го намалува ризикот да бидете заслепени ноќе од возило кое ве следи со долги светла или светла за магла
  5. Зголемено чуство за приватност и при патување и кога автомобилот е паркиран
  6. Зголемен комфор при патување за патниците на задните седишта во сончевите денови, особено за децата (потврдено од десетици задоволни родители)
  7. Зголемување на отпорноста на стаклото од кршење како последица од кражба на предмети од возилото
  8. Намалување на ризикот од повреда во случај на сообраќајна незгода поради летањето на парчиња од скршено стакло
  9. Нов атрактивен изглед на возилото

Транспарентна заштитна фолија

Ви нудиме уникатна заштита со полиуретанска фолија на брендот Магнус Про-заштитна фолија за боја која штити од механичко оштетување на бојата. По инсталација на фолијата, ќе ја забелезите длабочината и сјајот на бојата со која ниту еден друг бренд на фолија не може да се спореди. Фолијата Магнус Про има дебелина од 215 милкрони што е сушност двојно повеќе од колку сите слоеви на боја кои фабрички се нанесуваат на возилата. Има 100% транспарентност и сјоства на само заздравување, односно никогаш повеќе нема да имате потреба за полирање на вашето возило. Последниот слој од фолијата во себе содржи керамичка заштита и на тој начин вашето возило помалку ќе се валка, а и самото перење е многу лесно и едноставно и ја скратува потребата за често правење на истото. Разликата помеѓу заштитениот и незаштитениот дел е речиси невидлива. Со соодветно одржување, вашето возило може да биде како ново закогаш.

Извлекување на вдлабнатини без фарбање

Во соработка со друга професионална компанија ви нудиме услуга ПДР, односно извлекување на вдлабнатини од различни паркинг штети и град без да го фарбате вашето возило. До колку имате потреба од ваква услуга, доаѓа тим од професионалци во нашата компанија и ја извршува поправката без вие да го губите вашето време барајќи решение за овој проблем.

Фарбање

До колку има потреба од префарбување на одредени делови на вашето возило пред да се залепи фолија, ние ви нудиме можност да го направите истото за вас, со што на едно место во исто време би биле завршени сите работи на возилото. Исто така и по инсталација на фолија, до колку имате некакво оштетување или сообраќајна незгода, може да го организираме целиот процес на префарбување на возилото и реинсталација на нова фолија.

Шлеп служба

До колку не сте во можност да ни го донесете вашето возило или купувате нов автомобил и сакате веднаш да го заштитите, ви нудиме опција за подигање на вашето возило со професионална шлеп служба. 

Ценовник

Побарајте понуда на нашиот сајт и во најкраток можен период, ќе ве контактира одговорното лице од нашата компанија.